ТРАДИЦИОНАЛНА 5 КАМПАЊА ЗА ДОНИРАЊЕ КРВ ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЗДРАВЈЕТО ВО ВИЗИОН


По повод 7 Април – Светскиот ден на здравјето, на Меѓународниот Универзитет Визион повторно се одржа традиционалната 5 кампања за дарување крв, која и оваа година помина со голема заинтересираност и учество.

Настанот се реализираше во просториите на факултетот за Здравствени Науки при Универзитетот, каде што, покрај академскиот и административниот кадар, голем број студенти доброволно даруваа крв. Кампањата беше организирана со поддршка од Црвениот крст, со цел подигање на свеста за волонтерството и значењето на здравјето во заедницата.

Претставниците на Универзитетот истакнаа дека оваа традиционална активност има особено значење во насока на зачувување на човечки животи и зајакнување на чувството за општествена одговорност. Во рамките на настанот беа одржани и едукативни презентации за позитивните ефекти од редовното дарување крв врз здравјето.

Меѓународниот Универзитет Визион продолжува да придонесува кон општеството преку свои проекти за општествена одговорност и да ги едуцира своите студенти како свесни и одговорни граѓани.


АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi