ПРИСУСТВО НА ВИЗИОН НА ЕРАЗМУС+ К220 ПРОЕКТ ВО ХОЛАНДИЈА


Во Холандија од 18 до 22 февруари се одржа четвртиот состанок од проектот Еразмус+ „Дигитална трансформација во специјалното образование“ чиј домаќин беше EduXprss од Холандија.

Состанокот за учење, настава и обука (Learning Teaching and Training) на проектот Еразмус К220 под наслов „Дигитална трансформација во специјалното образование (2023-1-TR01-KA220-SCH-000160579)“, на кој Универзитетот Амасја е координатор, а нашиот Универзитет е меѓу партнерите на проектот, се одржа во Холандија.

На состанокот присуствуваа наставниците и академиците на проектните партнери, вклучително и Универзитетот Амасја како координатор, Меѓународниот универзитет „ВИЗИОН„ како партнер на проектот, како и домаќинот Специјалната образовна институција EduXprss, Специјално образовна инст. - Амасја Шехзаде и Средно стручно-техничко анадолско училиште Mерзифон Шехит Дурсун Озсарач од Турција, Универзитетот Вилниус од Литванија и ОУ Вргорац од Хрватска.

Институционалниот координатор на Еразмус+, проф. д-р Арафат Усеини, присуствуваше на состанокот во име на Меѓународниот универзитет „ВИЗИОН„. На продуктивната средба се разговараше за дефектолошките активности подготвени пред мобилноста и беа разменети идеи за новите активности за кои треба да се развијат. Дополнително, беа споделени методи кои можат да се користат во развојот на активностите што треба да се користат во образованието за ученици со посебни потреби и беа изложени примери за заедничка  работа.

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi