6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН


6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН

По повод 21 декември, денот на турското образование во Северна Македонија, Меѓународниот универзитет „Визион“  ја прослави 9-годишнината од формирањето на Универзитетот и ја организира 6. церемонија на доделување на дипломи.

На церомонијата која се одржа во Домот на културата во Гостивар присуствуваа ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан, заменик генералниот секретар на „ТУРКСОЈ“, Сајит Јусуф, членот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Фатмир Скендер, претседател на Турската демократска партија и пратеник д-р Бејџан Илјас, секретарот на премиерот на Северна Македонија, доц. д-р Муједин Кавеџи, државниот советник за образовни политики при Министерството за образование и наука на Северна Македонија, Ѓонул Бајрактар, директорот на Бирото за развој на образованието, Абдулфета Фетаи, пратеникот во Собранието на Северна Македонија, проф. д-р Халил Снопче, пратеникот во Собранието на Северна Македонија, Драгољуб Филиповски, претседателот на Претседателскиот советодавен совет на Република Косово, д-р Атакан Коро, директорот на Институтот „Јунус Емре“ од Скопје, Серхат Кула, секретарот при Министерството за здравство на Северна Македонија, д-р Јусуф Хасан, основачкиот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Фадил Хоџа, проректорите, членовите на одборот на донатори на Меѓународниот универзитет „Визион“, раководителот на катедрата за турски јазик и литература при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, проф. д-р Махмут Челик, поранешниот министер Хади Незир, деканите, универзитетските професори, претставниците на политичките партии, претставниците на невладините организации, наставниците и студентите.

По интонирањето на националните химни на Северна Македонија и Турција, беше споделено видео со наслов „Борбата за постоење на турскиот јазик во Македонија“ и презентација на активностите и достигнувањата на Меѓународниот универзитет „Визион“ од неговото формирање.

Ректорот, проф. д-р Ахмет Веџди Џан изјави дека со задоволство ја прославуваат 9-годишнината од основањето на Универзитетот и им честиташе на шестата генерација што дипломира. Исто така изјави дека се среќни што стигнале овие денови кога Визион постои како прв и единствен универзитет кој обезбедува образование на турски јазик не само во Гостивар, Северна Македонија, туку и во цела Европа надвор од Турција.

Заменик генералниот секретар на „ТУРКСОЈ“, Сајит Јусуф, ги поздрави гостите и им честиташе на сите кои придонесоа Универзитетот да достигне овие денови.

Претседателот на Турската демократска партија и пратеник во Собранието д-р Бејџан Илјас ја изрази својата почит кон сите учители кои се бореле и продолжуваат да се стремат за продолжување на турското образование дури и под најтешките услови од 1944 година.

По поздравните говори и честитките на претседателот на претседателскиот советодавен совет на Република Косово, д-р Атакан Коро, членот на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Фатмир Скендер и директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, Серхат Кула, во продолжението на програмата им беа доделени плакети на институциите и на поединците коишто придонесоа за Универзитетот.

На крајот од програмата им беа доделени плакети на студентите кои беа избрани како најдобри во својата генерација на докторски, магистерски и додипломски студии, а на дипломците им беа врачени дипломи.

6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН 6. ДОДЕЛУВАЊЕ НА ДИПЛОМИ НА ВИЗИОН

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi