НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“


НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“

На 04.10.2022 година во свечената сала на Меѓународниот универзитет „Визион“, се одржа отворањето на академската 2022/2023 година. На споменатото отворање присуствуваа основачкиот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Фадил Хоџа, ректорот на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан, претседателот на Турската демократска партија и пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, д-р Бејџан Илјас, заменик-министерот за труд и социјална политика на Република Северна Македонија, г. Енвер Хусеин, поранешниот министер на Република Северна Македонија, г. Хади Незир, секретарот на премиерот на Република Северна Македонија, доц. д-р Муједин Кавеџи, директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, г. Серхат Кула, директорот на Одделот за развој на образованието г. Зекерија Хасип, заменик-директорот на Дирекцијата за заштита и спасување на Република Северна Македонија, г. Зулфиќар Зејнулах, како и многу други поканети проректори, професори и голем број  на студенти и нивни родители.

Поздравни говори одржаа претседателот на ТДП, пратеник во Собранието на Република Северна Македонија, заменик-претседател на Меѓупарламентарната група за пријателство помеѓу Македонија и Турција, д-р Бејџан Илјас и директорот на Институтот „Јунус Емре“ во Скопје, г. Серхат Кула. Во воведниот говор на програмата досегашниот ректор, кој функцијата ректор ја извршуваше во два последователни мандати помеѓу 2014-2022 година, проф. д-р Фадил Хоџа опширно зборуваше за активностите на Универзитетот во изминатите 8 години и меѓународните односи на Универзитетот. Воедно му посака на новоизбраниот ректор успех во работењето. По прошталниот говор, проф. д-р Фадил Хоџа ја изврши церемонијата на примопредавање на функцијата на новоизбраниот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“, проф. д-р Ахмет Веџди Џан кој претходно ја извршуваше функцијата декан на Факултетот за економски и административни науки на Универзитетот „Сакарија“. По одржувањето на првиот воведен говор во академската 2022/2023 година, новиот ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“ проф. д-р Ахмет Веџди Џан пред гостите ги претстави претседателот на Сенатот и новоизбраните декани. За досегашниот максимален напор и поддршка за институционализација и развој на Универзитетот, преку вршење на должноста основачки ректор на Меѓународниот универзитет „Визион“ во периодот 2014-2022 година на проф. д-р Фадил Хоџа му се додели награда за услуги од страна на претседателот на фондацијата „Шар Вардар“, г. Мефаил Реџеп.

НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“ НОВА АКАДЕМСКА ГОДИНА И НОВ РЕКТОР НА „ВИЗИОН“

АКАДЕМСКИСОРАБОТКИ

Istanbul Teknik Universitesi
Kafkasya Üniversiteler Birliği
Bilecik Şeyh Edebali Üniversitesi
Kırgızistan Türkiye Manas Üniversitesi